Пол-позиција за Хамилтон во Катар

Британскиот возач, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Катар која се вози на патеката Лосаил. Возачот на Мерцедесе до првото место стигна со време од 1:20.87 стотинки што беше за нешто повеќе од половина секунда од најголемиот конкурент Холанѓанецот во Ред Бул, Макс Ферстапен.

Од вториот стартен ред на утрешната трка ќе тргнат вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас и Пјер Гасли на Алфа Таури. Во топ 10 завршија уште и Алонсо, Норис, Сајнц, Цунода, Окон и Фетел.

Тргата за големата награда на Катар е закажана за утре во 15 часот.

 

Се вчитува...