Пол-позиција за Хамилтон во Сингапур

Луис Хамилтон уште повеќе си ги зголеми шансите за шампионската титула во Формула 1 откако стигна до пол-позицијата на утрешната трка за ГН на Сингапур.

Ферари доминираше на последниот тренинг, но затоа Хамилтон извозе перфектен круг кога беше најважно, оставајќи ги зад себе ривалите и обезбедувајќи си идеална позиција на стартот од утрешната трка. Тој крај себе во првиот ред ќе го има Ферстапен, додека Себастијан Фетел го освои само третото место во овие квалификации, со 0,61 секунда послабо време од победникот.

Лошите квалификации на Ферари ги надополни Раиконен со петтата позиција, зад Валтери Ботас.

Се вчитува...