Пол позиција за Леклер во Азербејџан

Возачот на Ферари Шарл Леклер беше најбрз во денешните квалификации и ќе стартува од пол позицијата на трката во Формула 1 за ГН на Азербејџан.

Леклер до првата позиција во квалификациите стигна со резултат од 1:41.359, односно беше за 0,282 секунди побрз од воздачот на Ред Бул, Серхио Перез. Вториот возач на Ред Бул и лидерот во шампионатот Макс Верстапен ќе стартува од третата позиција.

Четврто место имаше Карлос Санјц, додека петти беше Џорџ Расел. До првите дест стигнаа и Гасли, ХАмилтон, Цунода, Фетел и Алонсо.

Денешните квалификации ги одбележа инцидентот на возачот на Астон Мартин, Ленс Строл кој пред првиот дел од квалификациите удри во заштитна ограда.

Трката во Баку за ГН на Азербејџан се вози утре во 13 часот.

Се вчитува...