Пол Сколс по 21 година се разведува од сопругата

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс по 27 години врска ќе се раздели со сопругата Клер, пренесуваат англиските медиуми. Легендарниот фудбалер кој целата кариера ја помина на „Олд Трафорд“ ја запозна сопругата пред 27 години. 21 година двојката е во брак, а имаат и три деца.

Тие важеа за еден од најстабилните спортски парови во Англија и беа пример за вистинска љубов. Сепак, на љубовта и дојде крај и двете страни се сложиле на развод. Клер веќе го напуштила заедничкиот дом и се чека само да се заврши судскиот процес како двајцата би биле слободни.

Се вчитува...