Пола Вардар отиде под нож – успешно опериран и Калифа Гедбан

Голманот на Вардар, Калифа Гедбан се приклучи во „болницата“ кај „црвено-црните“. Алжирскиот голман во болницата „Аџибадем Систина“, беше подложен на оперативен зафат за санација на проблемот со препоните и успешно се опоравува.

Поради повредата, Гедбан не настапи на последните натпревари во СЕХА лигата за оваа година.

На списокот на оперирани играчи во таборот на Вардар во изминатите два месеци се и Даинис Криштопанс, Вуко Борозан и  Рожерио Мораеш, а од почетокот на сезоната, поради операција на коленото вон строј е Сергеј Горбок.

Се вчитува...