Полерсбек го освои трофејот на ЕП, и направи бундеслигашки трансфер

Голманот на младата фудбалска репрезентација на Германија до 21 година, Џулијан Полерсбек, кој го освои трофејот на ЕП во Полска со својата селекција, има нова причина за радост. Тој од денеска е ново засилување за бундеслигашот Хамбургер, правејќи трансфер од редовите на Кајзерслаутерн.

Очигледно дека Полерсбек го импресионираше раководството на Хамбургер со своите одбрани на Европското првенство, па доби понуда за да се пресели во овој клуб, што ја прифати со драго срце.

„Ова е нов голем предизвик за мене. Хамбургер е клуб со големо реноме во Бундес-лигата и воопшто не размислував кога дојде понудата. Ја прифатив и верувам дека во мојот нов клуб ќе имам поголеми можности за напредок“, изјави 22-годишниот голман.

Се вчитува...