Полиглоти: Клоп знае шпагети, а Ди Франческо – хамбургер

Вообичаено забавно е на прес-конференциите на Јирген Клоп во Ливерпул, но оваа традиција синоќа ја продолжи и тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо. Проблемите со јазикот беа очигледни, но младиот стратег успеа да ги насмее сите присутни новинари.

„Некаде прочитав изјава на Клоп дека на италијански јазик знаел да каже само шпагети. И јас сум тука некаде, на англиски знам само хамбургер. За почеток, на оваа тема сме 1-1“ – со насмевка коментираше Ди Франческо.

Овие проблеми сепак не би биле пречка за Италијанецот во иднина да седне на клупата на некој англиски клуб.

„Никогаш не велите никогаш. Добро познато е дека секој тренер сонува еден ден да работи во Премиер-лигата. Јас не сум исклучок, а ако дојде до таков момент, сигурно ќе го подобрам познавањето на јазикот“ – истакна стратегот на Рома.

Се вчитува...