По интервенција на припадниците на Министерството за внатрешни работи на полувремето од натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Брест Мешков, се празнеше салата во СЦ „Јане Сандански“.
На трибините на „Јане Сандански“ имаше повеќе од дозволените 30 лица пријавени од двете екипи за присуство согласно протоколите за одржување спортски натпревари во земјава. Па, полицијата беше принудена да отстрани дел од присутните на трибините, со оглед на тоа што бројката беше повеќе од дозволената.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА