Полициски извештај: Ејупи бил прв нападнат со метална шипка

Тепачката во Копривница по која Музафер Ејупи мораше да мине неколку часа во затвор била иницирана од друго лице, кое го извлекло подебелиот крај од конфликтот со македонскиот репрезентативец и незговиот роднина. Се почнало со караница за паркинг-место, која ескалирала откако Ејупи и неговиот роднина биле нападнати со метална шипка од лицето со кое се расправале.

Ејупи по неколку часа бил пуштен на слобода, но неговиот роднина е задржан во притвор откако било утврдено дека во борбата успеал да му ја одземе шипката на човекот што ги нападнал, потоа удирајќи го со истата.

„Со преземеното криминалистичко истражување, постои сомнеж дека на 25 септември околу 19.40 часот, едно 53-годишно лице од реонот на Копривница со метална шипка го удрил во пределот на главата 31-годишниот државјанин на Северна Македонија, а потоа со истатата шипка го удирал по телото осомниченото 32-годишно лице. Реагирајќи во самоодбрана, осомничениот 32-годишник ја зел шипкката од 53-годишното лице, по што му нанел повреди по главата и телото. Во физичкиот конфликт 53-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, додека другите две лица се лесно повредени“ – се вели во полицискиот извештај.

Се вчитува...