Полјакот Хуркач сензационален победник на Мастерсот во Мајами

Полјакот Хуберт Хуркач е сензационален освојувач на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами откако во финалето славеше против младиот Италијанец Јаник Синер со 2-0, 7-6 и 6-4. Првиот сет беше неизвесен, но поискусниот Полјак подобро се снајде во тај-брејкот. Во вториот сет следеш пад на италијанскиот тинејџер кој стана првиот тенисер по Новак Ѓоковиќ кој како тинејџер игра финале на еден мастерс.

За Хуркач ова e трета титула во кариерата, но прва на еден од најголемите турнири.

Се вчитува...