Полјакот Квјатовски победник на сноубординг ФИС Купот на Попова шапка, Кацарски на половина пат од олимписка А-норма (ФОТО)

Во еден од најпопуларните македонски скијачки центри – Попова Шапка, во организација на СФМ и ХМКД, се одржа ФИС купот во сноуборд.

На натпреварот учестуваше целата сноуборд елита меѓу кои на огромно задоволство на Скијачката федерација на Македонија беше и актуелниот светски шампион во сноубординг, Словенецот Жан Кошир, кој заврши како втор во Купот.

Купот го освои Оскар Квјатовски од Полска, на второто место најдобриот светски сноубордер Жан Кошир, а третото место го освои Даниел Гасенјика од Полска.

Најдобриот македонски сноубордер Александар Кацарски, заврши на четвртото место, постигнувајќи го вториот најдобар резултат во македонската сноуборд историја и е на половина пат од освојување на олимписката А-норма.

Се вчитува...