Полјаците бесни: Лекција по математика за сестрите Бонавентура, бројте ги чекорите на Косоротов

Судијките Бонавентура се главни виновнички за ремито меѓу Полска и Русија за полските ракометари и фанови, откако не забележаа очигледни чекори на Косоротов при израмнувачкиот погодок со звукот на сирената.

Рускиот „бомбардер“ погоди од над петнаесет метри, но овој гол мораше да биде поништен бидејќи пред очите на едната судијка тој тргна во шут без да ја спушти топката, правејќи четири чекори пред да шутира.

„Лекција по математика, бројте ги чекорите“, објави Полската Ракометна Федерација видео од движењето на рускиот ракометар пред голот, како директна порака до француските судијки.

Се вчитува...