Полјаците го нападнаа Левандовски: Беше очаен, како и во Баерн против Реал

Фудбалската репрезентација на Полска разочара со игрите и резултатите на Светското првенство во Русија. Ги загуби двата први меча на Мундијалот и фудбалерите веќе ги спакуваа куферите за враќање дома, веднаш откако ќе го одиграат и третиот дуел од групата Х, против селејкцијата на Јапонија.

По неуспехот, најголемите критики се насочени кон најдобриот фудбалер на Полска, Роберт Левандовски. Од напаѓачот на Баерн Минхен се очекуваа голови, но тој не ги испорача.

„Левандовски беше очаен, токму како и во дресот на Баерн Минхен на полуфиналните мечеви против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Очигледно дека не му е до фудбал, потребна му е промена“, пишува полскиот весник „Газета“.

Полјаците играа одлично во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, но на Мундијалот комплетно разочараа. Ниту последниот меч со Јапонија нема многу да ги промени работите.

Се вчитува...