Полјаците и Британците не ги сакаат Русите и Белорусите на ЛОИ

Полска, Велика Британија и балтичките земји објавија заедничко соопштение во кое бараат забрана за учество на руските и белоруските спортисти на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, доколку Москва не одлучи да ги повлече своите трупи од Украина.

Ова е реакција на најавата дека Меѓународниот олимписки комитет, кој по рускиот напад на Украина во февруари 2022 година, ги исклучи Русите и Белорусите од меѓународните натпреварувања, ќе дозволи учество на претставници на тие две земји, но како неутрални спортисти.

„Цврсто веруваме дека сега не е време да се размислува за отворање на патот за руските и белоруските спортисти да се вратат на Олимписките игри во кој било статус“, објави полското Министерство за надворешни работи во соопштението потпишано со Велика Британија, Латвија и Литванија и Естонија.

Се вчитува...