Полјаците не се толку „страшни“ во Скопје: Без голови по првиот дел (ФОТО)

Македонија и Полска играат без голови по првото полувреме на квалификацискиот натпревар за ЕП 2020. На „Тодор Проески арена“, пред околу 25.000 гледачи, Македонија е можеби и подобар ривал, но и двете селекции не успеаја да изградат колосална можност за погодок. Полјаците и не делуваат така „страшно“ по првите 45 минути во Скопје.

Елиф Елмас прв испрати проектил кон голот на Полска. Во петтата минута, се одлучи на удар од 20 метри, Лукаш Фабијански ја одби топката, а гостинската одбрана исфрли во корнер. По него, Несторовски со глава шутираше над гредата.

Полска воспостави рамнотежа, Левандовски се обиде во 14.минута да изнуди фаул на работ на шеснаесетникот, но Џанлука Роки ја ’прочита’ неговата намера и само одмавна со раката.

Капитенот Горан Пандев доби топка во шеснаесетникот во 29.минута, се обиде да шутира, но беше блокиран.

Две минути подоцна, Енис Барди се закани со шут од 30 метри, но заврши крај голот на Фабијански.
Во 33.минута, Камил Гросицки се обиде од 25 метри, но беше многу непрецизен. Возврати и Стефан Ристовски на спротивната страна, но со идентичен ефект.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА (0-0)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 25.000. Судија Џанлука Роки (Италија). Стрелци… Ж. картони: Беднарек (Полска).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Николов, Елмас, Пандев, Несторовски.

ПОЛСКА: Фабијански, Кедзиора, Беднарек, Глик, Бережински, Клих, Криховјак, Франковски, Гросицки, Зјелински, Левандовски.

Се вчитува...