Полјаците спасија бод против Шведска на ЕП за млади

Полска и Шведска вечерва одиграа фантастичен натпревар во рамките од групата А од Евроското Првенство за млади, што по голема битка заврши без победник, 2-2.

Слично како и во првото коло против Словачка, Полјаците го отворија резултатот во раната фаза од средбата откако Монета во 6. минута го совлада противничкиот голман. Швеѓаните фуриозно го завршија првото полувреме, кога во неполни десет минути направија целосен пресврт со головите на Страндберг и на Ларсон.

Бранителот на трофејот од пред две години се наоѓаше на чекор до првата победа на ова ЕП, но славјето на Шведска го спречи Ковначки, кој биеше прецизно од пенал во 91. минута за реми на овој драматичен натпревар.

По две одиграни кола во групата А првопласирана е Англија со четири бода, пред Словачка со три, Шведска со два, додека Полска досега има само еден освоен бод.

Lukasz Moneta Goal HD – Poland U21 1-0 Sweden… by smoki-bobi

Carlos Strandberg Goal HD – Poland U21 1… by jason-pitt1

1-2 Jacob Une Larsson Goal HD – Poland U21 vs… by eurofoot2

Dawid Kownacki Goal HD – Poland U21 2… by LiveFootball28

Се вчитува...