Полна сала, желба до небо – недостигаше само победа (фотогалерија)

Маедонските кошаркари не успеаја да ја крунисаат денешната убава кошаркарска вечер со триумф со што барем за момент ќе ја вратеа еуфоријата што секојдневно ја носеше овој спорт на терените ширум Македонија. СРЦ „Кале“ беше претесна за сите навивачи кои сакаа да дојдат и да дадат поддршка, атмосферата беше фантастична од почеток до крај, изостана само крајниот резултат, што за жал не беше онаков каков што посакувавме.

А никој не може да замери за желбата, македонските кошаркари дадоа се од себе , одиграа извонредно прво полувреме, но немаа сили да продолжат во ист ритам и во продолжението.

За жал, капитенот Војдан Стојановски беше повреден, стисна заби и одигра, но не можеше да биде на максимумот, во составот го немавме  ниту Андреј Јакимовски. Димитријевиќ покажа дека е лидер во моментов, но и за годините што следат, стисна заби и повреден даде се од себе до последната секунда, имаме и нов квалитетен Американец во Хап, но за да се победи ривал како Естонија треба повеќе од само двајца расположени играчи.

Се вчитува...