„Полни трибини се услов за борба меѓу Џошуа и Фјури“

Шампионот на ИБФ, ВБА и ВБО, Ентони Џошуа и сопственикот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури, се очекува да се борат следната година. Преговорите околу овој супер-спектакл се уште се во тек, а како што откриваат организаторите, клучно ќе биде да се обезбеди присуство на публика.

„Треба да одлучиме каде ќе се одржи борбата. Секако, би сакале да биде во Велика Британија, но сè уште не знаеме дали на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на борбата во Лондон. Со цел борбата да се одржи во Велика Британија, двајцата борци ќе мора да се договорат за помала заработка. Можеби и до 80 проценти. За да има каква било шанса, потребен ни е целосен капацитет на гледалиштето. Постојат многу земји во светот кои сакаат да се одржи оваа борба помеѓу Фјури и Џошуа“, рече Херн.

Доколку оваа борба навистина се реализира помеѓу двајцата Британци, таа ќе го донесе првиот неприкосновен шампион во тешка категорија.

Се вчитува...