Од македонската репрезентација очекуваат полни трибини на арената „Тодор Проевски“ за престојните два квалификациски натпревари против Полска (7. јуни) и против Австрија на 10. јуни.
Поддршката од трибините ќе биде повеќе од добредојдена за репрезентативците во желбата за продолжување на успешната резултатска серија стартувана со дуелите против Летонија и Словенија во квалификациите за ЕП 2020. Иако, како што вели селекторот Игор Ангеловски, за жал ние ги полниме трибините само кога националниот тим ни игра против квалитетни селекции.
„За жал ние го полниме стадионот само кога играме против фаворити. Треба секогаш да ја бодриме нашата репрезентација, без разлика на името на противникот. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од трибините против Полска и против Австрија. Ќе ни биде неопходна“ – истакна Ангеловски по денешното соопштување на списокот за престојните квалификациски натпревари.
Македонија подготовките ги стартува на 27. мај со 17 фудбалери, оние кои ќе се веќе завршени со клупските обврски, а официјалниот старт на подготовките е на 3. јуни во комплетен состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА