Полни ведрина, насмевки, оптимизам… на стартот од новиот собир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација во максимално ведро расположение го одработи првиот тренинг во новиот собир за последните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2018, против Италија и Лихтенштајн.

Селекторот Игор Ангеловски им сервираше главно релаксирачки тренинг на Горан Пандев и соиграчите, на стартот од собирот на кој повторно во А селекцијата се враќа Аријан Адеми. Во тимот на местото на повредениот Бобан Николов е и најдобриот стрелец во турскиот шампионат Адис Јаховиќ.

На денешниот тренинг во комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ, недостасуваа Езгијан Алиоски, Стефан Ристовски и Столе Димитриевски кои утре ќе се приклучат на националниот тим…

[new_royalslider id=”795″]

Се вчитува...