Полонара го замени Фенербахче за Ефес (ФОТО)

Ахил Полонара во новата сезона ќе го носи дресот на Ефес откако денеска истанбулскиот тим ја официјализираше соработката со италијанскиот репрезентативец. Тој во актуелниот шампион на Европа доаѓа од градскиот ривал Истанбул и потпиша договор за следната сезона со опција за продолжување на соработката и во сезоната 2023/24.

Триесетгодишникот е петото засилување за двократниот освојувач на Евролигата ова лето. Претходно клубот го засилија Вил Клајбурн, Анте Жижиќ, Егехан Арна и Амат М’Баје.

Се вчитува...