Половина час за Елмас – Лајпциг ремизираше со Вердер, Келн победи во 93. минута и остана со надеж за опстанок (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра половина час за Лајпциг во ремито (1-1) против Вердер Бремен во 33. коло од Бундеслигата.

Во натпревар без некое резултатско значење и за двете екипи, Вердер поведе со 0-1 со автоголот на Сеиволд во 36. минута. Лајпциг преку Шешко израмни на 1-1 во 61. минута.

Елмас во игра влезе во 64. минута од средбата, но без некоја поизразена шанса за гол до крајот на мечот.

Келн успеа да дојде до победата од 3-2 против Унион Берлин со пресврт. Гостите се до 87. минута имаа водство од 1-2, но Келн со два гола за пет минути до крајот успеа да дојде до триумф кој се уште го остава со надеж за избегнување на преселба во Втората Бундеслига.

Фрајбург ремизираше (1-1) со Хајденхајм, а со истиот резултат заврши и натпреварот меѓу Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...