Половина час за Елмас, Наполи победнички стартуваше во ЛШ (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалски шампион Наполи победнички ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите откако славеше на гостувањето кај Брага со 1-2.

Oткако домаќините одолеваа на нападите на гостинот, клучниот момент во првиот дел  се случи во судиското надополнување кога Ди Лоренцо донесе водство од 0-1. Домаќините израмнија на 1-1 преку Брума во 84. минута, но автоголот на Ниакате во 88. минута донесе три бода за калчолигашот.

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас натпреварот го стартуваше од клупата, а во игра влезе во 66. минута.

Braga 0 – [1] Napoli – Giovanni Di Lorenzo 45+2′
byu/Previous-Success8007 insoccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО: 

Реал М. – Унион Б. 1-0

Галатасарај – Копенхаген 2-2

Баерн М. – Манчестер Ј. 4-3

Реал С. – Интер  1-1

Арсенал – ПСВ 4-0

Брага – Наполи 1-2

Севилја – Ленс 1-1

Бенфика – Салцбург 0-2

Се вчитува...