Половина час за Пандев поради неподготвеност, Шишковски „положи“ на голот

Капитенот Горан Пандев го стартуваше мечот од клупата за резерви и доби шанса во второто полувреме, а на голот дебитираше на официјален натпревар Дамјан Шишковски. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од настапот на чуварот на мрежата, а образложи и зошто Пандев на почетокот беше на клупата.

„Пандев не играше од старт затоа што дојде со само четири тренинзи. Не сакавме секако да ризикуваме, и уште на стартот од подготовките се договоривме капитенот да го искористиме 30 минути. Задоволен сум од настапот на Дамјан Шишковски. Всушност секој кој е во репрезентацијата знаеме дека може соодветно да одговори на барањата“, посочи селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...