Половина тим на Ујпешт позитивен на Ковид-19: И Кире Ристевски го нема во тимот на мечот со МТК

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски не е воопшто во составот на Ујпешт на денешниот натпревар против МТК во унгарскиот шампионат. Повеќе од половина од првотимците на Ујпешт недостасуваат на натпреварот поради позитивен тест на Ковид-19, но од клубот, поради заштита на приватноста, не ги соопштуваат официјално имињата на позитивните.

Унгарските медиуми потенцираат дека сите оние стандардни првотимци кои ги нема на денешниот натпревар, меѓу кои и Ристевски, се позитивни на коронавирусот.

Македонскиот дефанзивец на 9. ноември треба да се јави на собирот на националниот тим пред историскиот натпревар со Грузија за пласман на ЕП. Но, доколку се потврди дека е позитивен на Ковид-19 нема да може да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...