Положани: Денешната победа му ја посветуваме на повредениот Ислами

Екипата на Шкендија Тетово со денешниот триумф од 1:3 над Скопје се врати на лидерската позиција на табелата во Првата Македонска фудбалска лига.

Тетовските “црвено-црни“ по десет кола имаат 23 бода, три повеќе од Струга и Вардар, како главни конкуренти во битката за титулата.

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, денешниот триумф му го посвети на Дрилон Ислами, кој во минатото коло заработи тешка повреда и подолго време ќе отсуствува од терените.

„Оваа победа му ја посветуваме на Дрилон Ислами кој се повреди и подолго време ќе биде надвор од терените. Тој е многу важен играч за нас. Но, таков е фудбалот и мора да продолжиме понатаму. Што се однесува до натпреварот, имаме добар почеток кога постигнавме два гола, а потоа ја имавме контролата врз играта. Но, мора да внимаваме на грешките кои ги правиме, денеска на Скопје му подаривме корнер кој потоа даде гол. Скопје без разлика на состојбата на табелата, игра добро да домашен терен и затоа смета дека ова беше победа на „карактер“, момците ги заслужуваат сите пофалби. Ова е победа која ни овозможува во дербито да влеземе со позитивна атмосфера“, вели Положани.

Следниот натпревар за Шкендија е големото дерби против Вардар.

„Не смееме да дозволиме емоциите премногу да надвладеат бидејќи тоа може да биде пробле. Се наоѓаме во добра ситуација, и верувам дека ќе бидеме подготвени за дербито против Вардар. треба да останеме цврсто на земја, првенството е долго и покрај тешкотиите мора да се жртвуваме едни за други бидејќи само со таква жртва можеме да одиме напред“, смета тренерот на Шкендија.

Се вчитува...