Полска без голманот Шчесни на мечот против Македонија

Полска без својот прв голман Војчек Шчесни доаѓа на дуелот против Македонија на 7. јуни во Скопје во квалификациите за ЕП 2020.

Шчесни, кој изминативе неколку недели се мачеше со повредата на коленото и во дресот на Јувентус, и дефинитивно отпаѓа за пресметката со Македонија.

„Шчесни нема да може да одговори на следните репрезентативни предизвици. Сепак, не сакаме да ризикуваме“ – соопштија од стручниот штаб на полската репрезентација.

На негово место за дуелите со Македонија и со Израел повик доби голманот на германски Унион Берлин, Рафал Гикиевич.

Се вчитува...