Полска и Австрија ќе ни донесат фудбалска еуфорија

Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на новите големи предизвици во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. По успешниот старт и освоените четири бода од првите два меча, сега избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе се пресметаат со фаворитите во групата.

Во Скопје во период од четири дена доаѓаат Полска и Австрија, селекциите кои важат за најсериозни кандидати за првата позиција. Полјаците предводени од Роберт Левандовски, Аркадиуш Милик, Кжиштоф Пјонтек, ќе истрчаат на арената „Тодор Проески“ на 7 јуни.

Селекторот Игор Ангеловски по успесите во изминатиот период доби продолжување на договорот до декември 2020 година и посакува голема поддршка од трибините за претстојните два меча.

„Би сакал да имаме голема поддршка од трибините, ќе ни биде повеќе од потребна. Полска и Австрија и квалитетни репрезентации, но ние размислуваме позитивно. И момците заслужуваат секогаш да има еуфорија на трибините кога игра националниот тим, да се навива за Македонија“, вели селекторот Игор Ангеловски.

На 10 јуни во Скопје ќе гостува селекцијата на Австрија. Има големи ѕвезди и во оваа репрезентација. Марко Арнаутович, Давид Алаба…тоа се ѕвезди од светски калибар, но на Македонија конечно и е потребна фудбалска еуфорија за својата репрезентација. Билетите се продаваат по цена од 150 денари, идеална можност за фудбалско уживање и навивање.

Се вчитува...