Полска ја одбрани европската одбојкарска круна!

Полскa ja победи Франција со 3-1 (31-29, 25-19, 20-25, 25-25) во финалето на Европското првенство кое се одигра во Милано.

Полјаците сега се гордеат со три златни медали во историјата на Европските првенства.

Ова е последователна европска титула за четата на Никола Грбиќ, втора под водство на српскиот тренер, а воедно и негов десетти медал во сите натпреварувања откако ги презеде Полјаците во 2022 година!

Вечерва, екипата на Грбиќ им се одмазди на Французите за поразот во финалето на Олимписките игри пред две години во Париз.

Покрај двете европски титули и олимписко сребро, и три од Лигата на нации, под водство на Грбиќ, Полска освои и два медали на светските првенства – сребро и бронза.

Се вчитува...