Полска ја освои бронзата на ЕП во одбојка, Французите останаа со празни раце

Одбојкарската репрезентација на Полска го освои третото место на Европското првенство, откако во малото финале славеше против Франција со 3-0 во сетови. Иако „триколорите“ ја имаа поддршката од фановите во „Акор арена“ во Париз, сепак, не можеа психолошки да се вратат по поразот во пет сета што го доживеаја од Србија во полуфиналната пресметка.

Полјаците секако поседуваат несомнен квалитет, тие се актуелни светски прваци, и одиграа на завидно ниво добивајќи го дуелот во три сета. Првиот го освоија тесно, со 26-24, во вториот им дозволија 22 поени на Французите, а третиот ги задржаа на 21. Заслужено се закитија со бронзениот медал.

Во финалето на Европското првенство, утре ќе се сретнат селекциите на Словенија и на Србија.

Се вчитува...