Полска перфекција во Париз: Ига Свјонтек го освои Ролан Гарос

Полјачката Ига Свјонтек на само 19 години направи супер подвиг и ја освои титулата на тенискиот грен-слем Ролан Гарос. Во финалната пресметка таа ја совлада Американката Софија Кенин со 2-0 во сетови. Во воведниот сет, Свјонтек беше подбора со 6-4, а вториот по медицинската пауза која ја побара Кенин заврши експресно со 6-1 за младата полска тенисерка.

Свјонтек имаше неверојатен пат до титулата. Tаа не загуби ниту еден сет од првото коло па се до финалето. Серијата ја продолжи и против Кенин и на невројатен начин стана првата претставничка на нејзината земја со титула од Ролан Гарос.

 

 

 

 

Се вчитува...