Полска предизвика „фудбалски земјотрес“: Левандовски го напушта Баерн за Барселона

Првата ѕвезда на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски ќе го напушти тимот на „баварците“ ова лето и ќе се пресели во Барселона.

Радио телевизија Полска пренесе ексклузивни информации дека репрезентативецот се откажал од преговорите за продолжување на соработката со Баерн и тоа му го соопштил на функционерот на клубот од Минхен, Оливер Кан.

Полјаците тврдат дека Левандовски по истекот на актуелниот договор со Баерн ќе игра за Барселона. Левандовски наводно е разочаран од односот на челниците на Баерн Минхен. Тој смета дека клубот не направил доволно за да го задржи и по истекот на договорот, кога ќе има 34 години.

Очигледно на Барселона тоа не и пречи, Чави има идеја да го спои со Пјер-Емерик Обамејанг како класичен напаѓач, а тоа ќе биде „римејк“ на партнерството меѓу двајцата поранешни играчи на Борусија Дортмунд.

Левандовски постигна дури 340 гола на 369 натпревари во Баерн Минхен.

Се вчитува...