Полска се извлече, нека ’плати’ Австрија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија не заслужи пораз против првиот фаворит во групата, селекцијата на Полска, но, сепак, Левандовски и компанија одлетаа со три бода од Скопје. Сега нека ’плати’ Австрија.

Капитенот Горан Пандев на чело на колоната, храбро, дрско, одважно и максимално мотивирано, македонските фудбалери се подготвени за нова квалификациска битка. Стефан Ристовски го одработи тренингот, единствено Елиф Елмас има проблеми со скочниот зглоб.

 

 

Се вчитува...