Полска ќе настапи со исклучително силен состав на почетокот од квалификациите за Евробаскет 2025 и претстојниот дуел со селекцијата на Македонија кон крајот на овој месец.
Полјаците како едни од ко-домаќините имаат автоматски пласман на европскиот шампионат и овие квалификации со Македонија, Естонија и со Литванија можат да ги искористат за воигрување и давање шанса на помладите кошаркари. Сепак, селекторот Игор Миличиќ реши за стартот на новиот циклус да повика исклучително силен состав предводен од двајца евролигашки кошаркари, капитенот Матеуш Понитка кој игра за Партизан и центарот на Панатинаикос, Александер Балчеровски.
„Пред нас е гостување во Литванија,памеч во Сосновиец против Македонија, дуели што ќе ги искористиме како подготовки за олиписките квалификации, па токму затоа ги повикавме најдобрите кошаркари. Истовремено, сакаме да дадеме шанса на уште еден млад играч во репрезентацијата, Јакуб Шумерт“, изјави селекторот Миличиќ.
Македонија на стартот на овие квалификации за Евробаскет 2025 на 23 февруари ќе ја пречека Естонија, по што неколку дена подоцна ќе гостува на селекцијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА