Полскиот ас блесна на Евробаскет, па потпиша за Панатинаикос

Матеуш Понитка во следната сезона ќе настапува во Евролигата, откако полскиот ас по серијата одлични настапи на Евробаскет 2022 си обезбеди трансфер во редовите на Панатинаикос.

Понитка беше еден од најзаслужните што Полска стигна до полуфиналето од европскиот шампионат, а одличниот крилен кошаркар стигна до трипл-дабл во фантастичната победа во четвртфиналето над шампионот Словенија.

Тој беше под договор со Реџо Емилија за новата сезона, но во него имаше клаузула за заминување за сума од 100.000 евра, пари што ПАО без проблеми ги плати за да го доведе Полјакот во своите редови.

Се вчитува...