Полудо од ова не можеше: Четири пенали за едно полувреме на мечот Севилја – Салцбург

Севилја и Салцбург играат лудо прво полувреме на стартот од Лигата на Шампионите, во кое главниот судија за 45 минути досуди дури четири пенали, три од нив за гостите од Австрија.

Првиот удар од белата точка беше досуден со помош на ВАР во 13. минута за старт на самиот раб од шеснаесетникот, но Адејеми шутираше крај дирекот. Осум минути подоцна Салцбург доби нова шанса по стартот на Навас, што Лука Сучиќ го претвори во водечки погодок. Во 37. минута, и трет пенал за Австријците, но овојпат Бону го запре ударот на Сучиќ.

За впечатокот да биде комплетен, главниот судија пред крајот на полувремето досуди и пенал за Севилја, што Ракитиќ го реализираше во 42. минута за израмнување на резултатот на 1-1.

Се вчитува...