Првото полувреме од малото финале на СП 2026 меѓу Англија и Франција мина во апсолутна доминација на „гордиот албион“, кој неочекувано води со 4-0 по 45 минути игра на овој натпревар.
Двајцата селектори направија бројни рокади во тимовите, но Англичаните далеку подобро се снајдоа, создавајќи бројни шанси од кои три пати го совладаа Мењон.
Во прилог им оди и што првата шанса ја претворија во погодок, со прекрасниот удар на Деклан Рајс во втората минута. Французите беа во шок, а „триколорите“ набрзина поведоа и со 2-0, со голот со глава на Конса по корнерот на Рајс. Со тоа, ова стана прв мундијалски меч во историјата на францускиот национален тим во кој „триколорите“ примиле два гола за помалку од 20 минути игра.
Резервниот голман Хендерсон запре две шанси на Мбапе, Франција целосно се отвори, а Англичаните максимално го искористија тоа, со два гола на Букајо Сака стигнувајќи до преубедливи 4-0 за едно полувреме.
Исход што буквално никој не го очекуваше, бидејќи на Дешамп му се заканува историска шлаканица на последниот дуел како селектор на „триколорите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
