Наполи е на чекор до нова шампионска титула откако „наполитанците“ по првото полувреме имаат предност од 1-0 против екипата на Калјари.
Скот Мектоминеј дефинитивно е најважното засилување на тимот на Антонио Конте сезонава откако шкотскиот ас блесна и во ова последно коло, со неверојатен волеј стрелајќи за водство и тотална еуфорија на стадионот „Диего Армандо Марадон“.
Интер на вториот вечерашен натпревар води со 0-1 на гостувањето против Комо, домаќините имаат и играч помалку на теренот, но за „нероаѕурите“ да ја одбранат титулата потребно ќе им биде и Наполи да не слави на својот дуел со Калјари, нешто што делува малку веројатно во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА