ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Марез носи водство за Сити, „нула“ на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Англискиот шампион Манчестер сити има минимална предност на полувреме од 0-1 на гостувањето во Германија кај Ред Бул Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа далеку подобар противник во првиот дел и домаќинот треба да биде среќен што со само минимална негатива ќе го почне второто полувреме на „Ред бул“ арената.

Водство за избраниците на Пеп Гвардиола донесе Ријад Марез со убав погодок во 27. минута од натпреварот. Во вториот меч од денешната последна програма од првите дуели во елитата на „Џузепе Меаца“ во Милано Интер и Порто играат без голови 0-0. Иако го имаа поседот и играта домаќините не успеаја да го начнат голот на Португалците во првите 45 минути.

 

Се вчитува...