Полувреме ЛШ: Реми без голови на „Енфилд“, Билингем го стресе Сити (ВИДЕО)

Тибу Куртоа со две прекрасни интервенции го сочува голот на Реал Мадрид во ремито без голови (о-о) во првото полувреме од реваншот во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Салах и Милнер имаа убави шанси да донесат водство за „црвените“, но Белгијанецот одлично интервенираше.

На вториот меч од вечерашната понуда младиот Англичанец, Билингем донесе водство за Борусија Дортмунд од 1-0 против Манчестер Сити и со тоа стана вториот најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да постигне гол.

 

 

 

Се вчитува...