ПОЛУВРЕМЕ: Македонија има водство од „плус два“, уште 30 минути до пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација има водство од 14-12 по првото полувреме од реванш дуелот со Чешка. Во извонредна атмосфера на трибините нашите ракометари имаат контрола над резултатот, во неколку ситуации имаа и „плус три“, па доколку продолжат во ваков ритам во преостанатите 30 минути ќе стигнат до билет за СП 2023.

Чешкиот голман Мрква го отвори и денешниот реванш со одлична интервенција, запирајќи го зицерот на Пешевски. Гостинскиот чувар на мрежатаво шрвите пет минути собра четири одбрани, а гостите поведоа со 2-4. Македонија се разбуди во вистински момент, па со четири брзи гола предноста беше плус два за нашата репрезентација (6-4). Фуријата на „црвено-жолтите“ продолжи, па по првиот гол на Кире Лазаров за водство од 8-5 чешкиот селектор го побара првиот тајмаут на мечот.

Гостите за момент се стабилизираа, намалија на еден гол разлика, но Миркуловски имаше свое мини-шоу и ја врати предноста на три погодоци (12-9). Чесите не се откажаа, па го искористија исклучувањето на Младеновиќ за да се приближат на 13-12, пред Кузмановски да испрати проектил „низ уши“на Мрква. Митревски одбрани опасен шут на Чесите, Ојлески изнуди исклучување, но не ја искористивме предноста од играч повеќе, па на одмор заминавме со водство од 14-12.

Талески и Кузмановски постигнаа по три гола за „црвено-жолтите“, додека Пешевски, Лазаров и Миркуловски по двапати го матираа голманот Мрква.

Се вчитува...