Бесарт Ибраими се уште е голгетер од највисока класа, капитенот на Шкендија тоа го потврди со прекрасниот погодок со кој ги доведе тетовци во водство на гостувањето во Гостивар против екипата на Арсими.
Шкендија доминираше, но за почетно водство мораше да почека на „магија“ од капитенот, кој со маестрален слободен удар реализираше за 0-1. Ибраими даде свој придонес и при вториот погодок, кога по неговиот центаршут и слабото истрчување на домашниот голман, Малиќи одлично се снајде и со глава ја сместоп топката во мрежата.
На полувреме сепак се замина со 1-2 откако Арсими во судиското продолжение ја преполови негативата со голот на Контрерас по слабата интервенција и одбиената топка на голманот Рамани.
На вториот меч што е попладнево на програмата, Струга ТЛ како гостин во Кавадарци води со 1-2 против Тиквеш. Бразилецот Лусијанињо ги донесе домаќините во водство, стружани заиграа подобро, почнаа да доминираат на теренот и преку Агамах и Радески стигнаа до целосен пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
