Полувреме: Се редат шанси, недостигаат само голови во Лисабон

Големото финале меѓу ПСЖ и Баерн Минхен требаше да донесе атомски фудбал и фестивал на голови, но првите 45 минути минуваат разочарувачки, без ниту еден постигнат погодок во мрежите на Нојер и н Навас. „

ПСЖ изненади со подобра игра на почетокот од натпреварот, со одличен пресинг контролирајќи ја средината од теренот. Обидот на Мбапе беше блокиран од дефанзивците на Баерн, а потоа првата стопроцентна шанса ја имаше Нејмар, кој се најде очи в очи со Нојер, но германскиот голман успеа да го запре неговиот обид.

Баерн првата шанса ја имаше преку Левандовски, но полскиот ас немаше среќа, неговиот удар заврши само во дирекот од голот на Кејлор Навас. Страстите на теренот се разгореа, па ПСЖ создаде нова убава шанса, овојпат Ди Марија се најде во добра сиутација, но Аргентинецот шутираше за малку над гредата. Левандовски повторно се најде во добра ситуација, но Навас беше на вистинското место и интервенираше. Шансата на полувремето ја имаше Мбапе, кој се посрамоти шутирајќи директно во Нојер од само пет метри по одличното двојно додавање со Ерера.

За одбележување е и повредата на Боатенг поради која Флик мораше да направи измена уште во првото полувреме, внесувајќи го Зуле на негово место.

Се вчитува...