Нема голови на двата натпревари од 8. коло кои се играат денеска во Куманово и во Струга.
Во Куманово на мечот помеѓу Башкими и Вардар во првите 45. минути се игра добар фудбал, со многу дуели, жестоки стартови, и со по една шанса на двете страни.
Во 30. минута обидот на Омерагиќ заврши над голот на Јашар, додека најдобрата шанса во првиот дел ја имаше тимот на Башкими. По еден противнапад, Хаџиќ го проигра Симоновски, кој излезе сам пред голот на Талески, а вардаровиот голман успеа да одбрани „зицер“ и да го спаси својот тим од негатива.
Во Струга исто така е без голови по првиот дел на мечот помеѓу Струга ТЛ и Пелистер. Иако домашните важат за големи фаворити според моменталната форма, сепак, битолчани успеваат да одолеат и засега да имаат позитивен резултат од ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

