ПОЛУВРЕМЕ: Тиквеш со водство против Работнички, реми на Македонија ЃП и Силекс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички имаат негатива од 0-2 на полувреме на домашен терен против Тиквеш во последниот натпревар за клубот од Дебар маало во догледно време во елитата, откако следната сезона се селат во ВМФЛ.

Гостите од Кавадарци поведоа со 0-1 со погодокот на Лавал во 32. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Кристијан Стојкоски.

Во вториот меч од денешната програма последна за оваа сезона Македонија ЃП и Силекс играат 1-1. „Лавовите“ поведоа со 1-0 со голот на Еступињан во 15. минута, додека на 1-1 израмни Мишов од пенал во 32. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...