Полувреме: Вардар е на „минус два“ во Белорусија

Вардар е во негатива од два гола по 30 минути игра на премиерниот меч од Лигата на Шампионите, на гостински терен против Брест Мешков (12-10).

Чупиќ беше стрелец на првиот овосезонски гол на Вардар во ЛШ, за израмнување на 1-1, по што македонскиот првак го имаше и првото водствона мечот (1-2). Брест Мешков поведе со 5-3, но одличните Ристовски на голот и Вујин во нападот набрзина донесоа израмнување на 5-5.

Борко Ристовски одбрани и пенал на половина од полувремето, по што Јотиќ повторно го донесе Вардар во водство (5-6). „Црвено-црните“ имаа и напад за „плус два“, но Чупиќ изреагира почетнички, направи пробивање, а потоа и доби исклучување. Белорусите знаеја како да ја искористат предноста од играч повеќе и повторно го презедоа водството. Кога Брест поведе со 10-7 Алушовски побара тајмаут, но по минутата одмор во ритам влезе Пешиќ, кој му одбрани и зицер од контранапад на Чупиќ овозможувајќи Белорусите да отидат и на „плус четири“.

Вујин со два нови гола ја преполови негативата на „црвено-црните“, но Мешков Брест заигра подобро во завршницата и на одмор замина со водство од 12-10, откако обидот на Пешиќ од гол на гол кон празната мрежа на „вардарци“ заврши само во дирекот.

„Црвено-црните“ играат подобро отколку што тоа беше случај на Ф4 турнирот во СЕХА, но дефинитивно ќе мора да бидат на уште повисоко ниво ако сакаат да се вратат и да стигнат до позитивен резултат на ова гостување.

Се вчитува...