Полувреме: Вардар губи убедливо во Полска

Вардар игра слабо полувреме на гостувањето против Киелце и губи со 18-12 по 30 минути игра, резултат што е најава дека „црвено-црните“ ќе претрпат нов пораз во групата од Лигата на Шампионите.

„Вардарци“ тргнаа идентично како и пред седум дена, фуриозно во нападот поведувајќи со 2-5. Само две минути беа доволни за Киелце да влезе во ритам и експресно да израмни на 5-5, а брзиот центар на домаќините им создаваше проблеми на „вардарци“ дури и кога „црвено-црните“ погодуваа во нападот, па по 13 минути игра резултатот гласеше 13-13. Борко Ристовски првата интервенција ја имаше во 14. минута, а штом нападот на Вардар затаи домашниот тим експресно искористи и отиде на „плус три“ (13-10). Алушовски зеде тајмаут, но ситуацијата на теренот не се промени, голманот Корнецки продолжи да реди одбрани, а на спротивнта страна ракометарите на Киелце ја полнеа мрежата на Ристовски (15-10).

Кантегрел застана на голот и набрзина нанижа две интервенции, но слабите реализации во нападот овозможија лесни голови од контранапад на спротивната страна и плус шест за Киелце (18-12). Вардар при последниот напад во полувремето изнуди исклучување од Даниел Душебајев, но Дибиров направи престап во обидот за шут, па на одмор се замина со убедлива негатива на македонскиот шампион.

Не функционираат ниту нападот, ниту одбраната, па се чини дека поразот на овој меч е неизбежен доколку не се случи некој чудесен пресврт во арената во Киелце.

Се вчитува...