ПОЛУВРЕМЕ: Вардар имаше „плус три“, Пелистер се врати

Еурофарм Пелистер и Вардар играат нерешени 11-11 по првото полувреме од големото дерби за титулата во мак-ракометот. „Црвено-црните“ имаат за што да жалат со оглед на прокоцканите три гола предност, за „пелистерци“ подобро да го завршат полувремето и со поголем оптимизам да влезат во вторите 30 минути.

Мечотпочна со израмнета игра на двете страни, Бабиќ стартуваше со Танкоски на местото на повредениот Периќ, додека Дејвис го избра Додиќ како замена за Гаџа. Влогот беше огромен, што придонесе да дојде и до грешки на двете страни, па првите десетина минути минаа во израмнета игра во која ниту еден од тимовите не водеше со поведе од еден гол разлика. Како што одминуваше времето така Вардар се ослободуваше од притисокот, па благодарение на цврстата одбрана „црвено-црнитее“ се одлепија и поведоа со 6-9, со головите на Гоце Георгиевски и на Моралес.

Серијата на Вардар со гол од пенал ја прекина Мандалиниќ, но Дибиров возврати на спротивната страна со прецизен седмерец во мрежата на Секељи. „Вардарци“ промашија и напад за „плус четири“ при 7-10, по што Пелистер е врати, па со три гола успеа да израмни на 10-10 откако Радовиќ биеше прецизно во мрежата на Томовски. Бабиќ зеде тајмаут пред самиот крај, но Додиќ го постигна првиот гол по минутата одмор, пред Обрадовиќ вопоследните секунди да погоди за 11-11, најавувајќи супер-драма во завршницата.

Само за потсетување, реми на дербито им одговара на битолчани, кои во случај на нерешен исход би ја задржале предноста што ја имаат во однос на Вардар на плејоф-табелата.

Се вчитува...