На двата натпревари од ПМФЛ денеска, нема никој предност ниту во Кавадарци, ниту во Струга, со тоа што на мечот помеѓу Тиквеш и Арсими има голови, додека на мечот „крај езерото“ мрежите мируваат.
Во Струга, домашниот тим имаше повеќе шанси, повеќе од играта, но не успеаја да дојдат до предност. Најдобрите шанси ги имаа Шабани, Зенделоски и Фал, меѓутоа Диковски беше одличен на голот, а Зенделоски шутираше крај голот.
На овој меч дојде и до измени на судиите. Ралевски во 9. минута мораше да го напушти теренот, а неговото место го зазеде Јован Качевски.
Во Кавадарци при поведоа фудбалерите на Тиквеш со голот на Рамадани, и покрај тоа што претходно останаа со играч помалку. Меѓутоа пет минути подоцна Арсими успеа да израмни преку Гони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
