Полувреме во Тбилиси (1-1): Грузијците поведоа од пенал, Ристовски израмни

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија има 1-1 по првото полувреме во Тбилиси против Грузија во вториот меч од новото издание на Лигата на нации. По тешки услови за игра и речиси поплавен тревник, Грузија поведе со голот од пенал што го постигна Окриашвили во 13.минута, откако Езгјан Алиоски го собори Кварашкелија во шеснаесетникот.

Македонија успеа да израмни со одлична акција во продукција на Стефан Ристовски и Горан Пандев во 33.минута. Тие двојно проиграа, капитенот го пронајде Ристовски на десната страна, тој влезе во шеснасетникот и пласираше под нозете на домашниот голман Ѓорги Лориа.

Се вчитува...